восторг | м.
Восхит, занес. Песната предизвика восторг.
восторжен | прид.
Што е восхитен, занесен, воодушевен. Восторжен миг. Восторжени извици.
восхит | м.
Радосна возбуда, воодушевеност, занес. Креативен восхит. Изливи на восхит. Застана со восхит пред високите кули.
восхитен | прид.
Што е занесен, воодушевен. Со восхитени очи ги гледавме книгите.
восхити | св.
Предизвика восхит кај некого, воодушеви, занесе. Сите беа восхитени од радост. Играта на домашните фудбалери ја восхити публиката.
восхитувачки | прид.
Што предизвикува восхит. Восхитувачка убавина.
вотина | несв.
Става, пика нешто некаде. Пиштолот го вотинал под перница. Ја вотинаше раката во тесниот ракав.
вотка | ж.
Вид руски алкохолен пијалак, ракија. Испивме по една вотка. Ја допи вотката од чашата.
вотка (се) | несв.
вотне | св.