врбоса | св.
Обрасне со врби.
врбува | несв.
Наговорува, настојува да придобие некого. Врбуваа млади луѓе да дојдат на школување.
врбуњак | м.
врбушка | ж.
Врбова прачка. Сечеше врбушки за говедата.
врв | м.
Највисок дел од нешто што се издигнува во височина. Планински врв. Врв на карпа. Врв на дрво.
врвеж | м.
Чекорење, одење. Си отиде со оној нејзин лесен врвеж. Се слушаше врвеж на минувачи.
врвелица | ж.
врви | несв.
Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде. Секој ден врви оттаму.
врвица | ж.
Тесен пешачки пат, патче. Козја врвица. Стрмна шумска врвица. Планинска врвица. Се враќаше по запуштени патишта, стари врвици и коњски патеки.
врвка | ж.