врвлест | прид.
Што има врв, што е заострен, шилест. Врвлести ножици. Врвлести прсти. Врвлест клун.
врвовинка | ж.
Плод од овошје или зеленчук што останал на крајот на сезоната, по бербата. Ги прибираат последните врвовинки од уште неосланетите пиперки и патлиџани.
врволица | ж.
Множество луѓе, многу народ, поворка. Врволицата влезе во центарот на градот извикувајќи пароли. Од сите страни надоаѓаа врволици жени и деца.
врволка се | несв.
Се вртка, шета ваму–таму. Се врволкаа луѓе цел ден и цела ноќ. Му заповеда да не се враќа и да не му се врволка пред очи. Низ ходникот се врволкаат војници.
врвулест | прид.
врвулица | ж.
врвушка | ж.
Врв, обично на дрво. Над врвушките на дрвјата се наѕираше денот.
врвца | ж.
Не многу тенка нишка за врзување. Врвци конопени. Врвци за чевли. Донесе букет цвеќе врзано со алова врвца.
врвчи се | несв.
Непрекинато поминува, се ниже, се точи. Автомобилите се врвчат пред децата. Се врвчеа луѓе со саати.
врга | ж.
Израсток на тело. Му се појавија врги по рацете. Ајдукот ќе добие две големи врги од ластегарката.