вргав | прид.
Што е со врги. Вргаво стебло. Вргаво чело.
вргали се | несв.
Зјапа, нападно гледа во нешто, во некого. Збунето се вргали во дланките. Се вргали по војниците.
врглест | прид.
врглив | прид.
вргло | м.
Лице што зјапа, се загледува ваму–таму.
врголи се | несв.
Се прпелка, се чувствува незгодно. Тој почна да се врголи, да стенка, да бревта, да се поти и да му кркори грлото.
врева | ж.
Гласно, силно зборување, викотница, џагор. Војниците со голема врева се собираа. Панаѓурска врева. Улична врева.
вревач | м.
Тој што вреви.
вреваџија | м.
Лице што зборува многу гласно, што вреви. Тој не работи, тој е само вреваџија.
вреви | несв.
Многу гласно зборува, развикува. Жените вревеа на улица. Вреват како да се караат.