вредност | ж.

Утврдена цена на нешто. Колкава е вредноста на куќава?

вреднотија | ж.

Работливост, исполнителност. Тој важеше како недостижен пример на вреднотија.

вреднува | несв.

Оценува, определува вредност. Високо го вреднува делото. Како е вреднуван нивниот вложен труд?

вреднувач | м.

Лице што оценува нешто, што дава суд за нешто. Антологичарите станаа вреднувачи на современата литература.

вреднувачки | прид.

Што има својство на оцена, што определува вредност. Вреднувачки атрибути.

вреж | м.

Грмушка или мало дрво со спуштени гранки и со мали бледозелени листови што расте на влажна, песоклива почва; Tamarix gallica. Се фрла во врежот и отпочнува да лази.

вреже | св.

Со остар предмет засече, издлаби нешто во тврд предмет. Ги врежаа имињата во карпата. Ги врежа буквите.

врез | м.

Засек, засекување на нешто. Според правењето на врезот, постојат повеќе начини на калемење.

врека | несв.

За животно (коза и др.) – испрекинато пушта глас, се огласува. Козата цел ден врека. Така врека зајак кога го дави лисица.