врз | предл.

Означува местоположба, наоѓање или движење озгора на или по површината на нешто. Врз двете ќебиња беше ставена и една јамболлија. Врз снегот се гледаа свежи траги од мечка. Паднал врз некој стог со сено и така се спасил. И лете врз кошулата носеше елек. Лазеа муви врз расечената лубеница.

врз | м.

врзалка | ж.

Врвка, лента што врзува, спојува, соединува или затегнува нешто. Ставил тенка, како влакно врзалка околу главата. Русата коса завршуваше со две перчиња со врзалки.

врзан | прид.

Што е ограничен, што е оневозможен слободно да дејствува. Човек врзан со окови. Врзано куче. Робје врзани. Врзан за работата.

врзанка | ж.

Врзоп. Една врзанка магдонос.

врзатка | ж.

Зграпчи една врзатка од фалшивите книжни пари.

врзе | св.

Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл. Ги врза врвците на чевлите.

врзивен | прид.

Што врзува, што поврзува. Врзивна материја. Врзивно ткиво.

врзма | ж.

Мрежа за пренос на слама, трева и сл. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите и други работи. Си ги наполни врзмите со трева.