врзоглавка | ж.
Женска шамија за на глава. На главата ставив облози од киселина и ја стегнав со врзоглавката.
врзол | м.
Нешто врзано во крпа. Врзол жолтици.
врзолец | м.
врзоп | м.
Повеќе предмети, нешта што се врзани во нешто или заврзани заедно. Врзоп царевка. Обесен врзоп лук. Домарот стоеше пред влезот со врзоп клучеви.
врзувач | м.
Жетвар што ги врзува снопјето. Собрал премногу аргати, премногу врзувачи.
врзулец | м.
Јазол, клучка, јамка. Врзулецот од шалот правеше голема клучка токму под брадата.
врзулка | ж.
врзум | м.
врие | несв.
За течност ‒ клокоти, се меша под дејство на висока температура. Донесете ги котлите со масло што врие. Лонец вода врие.
вриеж | м.
Вриење, клокотење. Вриеж на вода.