вриежлив | прид.

Што врие, што клокоти.

вријавец | м.

Мешаница, множество луѓе, народ.

врика | несв.

Извира во големо количество. Врика вода.

врк | м.

Трага што ја остава куршум испукан од ловечка пушка.

врколак | м.

Според народното празноверие, човек што ноќе, при полна месечина, се претвора во волк. Се раскажуваат приказни за врколаци.

врл | прид.

Што е лош, поган, лут, завидлив. Врл човек. Врла душманка.

врлеж | м.

Стрмнина, остра косина. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи. Надоаѓаа врлежи без патеки, по нив долови и пак врлежи.

врлина | ж.

Злоба, лошотија.

врловит | прид.

врлува | несв.

Беснее, уништува. Чумата врлуваше.