вртелешка | ж.
Кружна направа, конструкција што се врти, со седишта исти или разни по форма, наменети за забава; рингишпил. Зад мостот има панаѓур, вртелешка, врева, трешти свирка.
вртелка | ж.
Направа за намотување предено; елемија.
вртешка | ж.
вртелешка.
врти | несв.
Доведува нешто во кружно движење. Грнчарот го вртеше колцето со нога. Врти клуч да отклучи. Врти сврдел. Врти волан.
вртивера | ж.
вртикапа | ж.
Лице што често го менува мислењето, што е несигурно; превртливец, превртливка
вртикапец | м.
вртикуќа | м.
вртикуќник | м.
Добар домаќин.
вртимушка | ж.
Детска играчка, конусен предмет што се врти околу својата оска.