врне | несв.
Паѓа дожд, снег. Пред железничката станица почна да врне. Оваа есен цело време врне.
врнеж | м.
Тоа што врне, што паѓа од облаците (дожд, снег). Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег.
врнежлив | прид.
Што е со дожд, снег. Врнежливо време.
вроден | прид.
Што постои од создавањето, што се носи од раѓање, наследен, генетски. Вродена слабост. Вродена болест. Вродена мана.
Вроцлав | м.
Град во Полска.
врпа | несв.
За животно ‒ при пасење крцка, чкрта со забите.
врпал | м.
Стап за мавање, за чукање ореви. Маваш со врпал и си ги собираш оревите.
врска 1 | ж.
Повеќе предмети, обично еднородни, врзани заедно. Врска клучеви. Врска млад лук.
врска 2 | ж.
Кравата. На секоја кошула носеше посебна врска.
врска | несв.
Удира со прачка, со камшик, шврка; Го врска по грбот.