вардарец | м.
Ладен, северен ветар што дува по долината на реката Вардар.
Вардарија | и.
вардарка | ж.
Вид пченица.
вардач | м.
Чувар, стражар. Биди верен вардач на сиот народ. Ти си вардачот на тоа стадо.
варди | несв.
Внимава, демне, следи. Ќе треба овде да останеме и да вардиме на народот.
вардило | ср.
Чевларски термин за работ од чевелот со кој се зацврстува ѓонот за кожата.
варен 1 | прид.
Што се однесува на храна приготвена со варење. Варена пченица. Варено јадење. Варено јајце.
варен 2 | прид.
Што е од вар. Варни соли.
вареница | ж.
Каша направена од брашно.
варзило | ср.
(бот.) Вид бразилско дрво од кое се прави црвена боја; Caesalpinia brasiliensis.