вари 1 | несв.

Готви храна во вода со загревање до степен на вриење. Вари компири. Вари качамак.

вари 2 | несв.

Загрева железо, метални делови за да ги спои.

вариете | ср.

Вид театар, ноќен локал со разновидна забавна програма, музика и игри.

вариетет | м.

Единка, или збир на единки од растителен или од животински вид кои се разликуваат од другите по една или повеќе незначителни карактеристики; разновидност.

варилец | м.

Тој што заварува метал, железо.

варило | ср.

Секое варено јадење, најчесто од зеленчук или од мешункаво растение.

варимесо | м.

Шегобиец на свадби.

вариола | ж.

Големи сипаници.

варира | несв.

Се менува, се јавува во различни облици, не останува ист.