вараклија | прид.

Позлатен, златно обоен.

варакоса | св.

Позлати, обои со златна боја.

варај! | изв.

Извик што се употребува кога се повикува некој за да му се каже нешто чудно, жално, страшно.

варвар | м.

Кај старите Грци и Римјани ‒ име за народите и племињата што не биле од нивната етничка и културна заедница. Во овој дел на цивилизацијата народите се делеа на византијци и варвари.

варваризам | м.

(само едн.) Начин на живот и мислење на варварите.

варварство | ср.

(соц.) Една од етапите на развој на првобитното општество. Песните за лулање се дел од обредните песни коишто по своето потекло се пагански и веројатно се појавиле во периодот на варварството.

варгалест | прид.

Вал

варда! | изв.

Извик за предупредување, чувај се, тргај се. Пат! Пат правете! Вардаа!

Вардар | м.

Река во Македонија.