врховизам | м.

Идеологија од почетокот на ХХ век на Врховниот македонски револуционерен комитет во служба на бугарскиот двор.

врховист | м.

Приврзаник на врховизмот.

врцка | несв.

Ситно врти со нешто. Доста врцкаш со машината!

врчва | ж.

Глинен сад со две рачки за сало, кисело млеко, пијалак и сл. Носи две големи врчви вино. Црпна две лажици сало од врчвата.

врчкав | прид.

Што има виткана коса; кадрав.

врша | ж.

Кош од прачки за ловење риба. Отиде да лови риба со вршата.

вршало | ср.

Место во водата каде што се поставува вршата за ловење риба.

вршач | м.

Тој што врши жито.

вршачка 1 | ж.

Жена што врши жито.