втера | св.

Сосила натера некого да влезе во ограничен простор. Некој со клоца низ врата в одаја ме втера.

втисне | св.

Со притискање врз некој предмет направи негов отпечаток во нешто, со притисок остави трага во нешто. Неговите стапалки ги втисна во песокта.

вткае | св.

Внесе со ткаење, вметне, зацврсти преѓа во она што го ткае. Откако ја кажаа новината за војната, таа не втка чивит конец.

втоне | св.

Исчезне во длабочините на вода, песок и сл.; потоне, пропадне. Се држи за да не втоне во водите и да не им се даде на чудовиштата.

втор | бр.

Што е по ред зад првиот, редна бројна придавка според бројот два. Втор ред. Втор чин. Втор дел. Второ издание. Втора светска војна. Втор брат.

вторак | м.

Двогодишник.

втораче | ср.

Дете што има две години.

вториче | ср.

Обичај кога зетот со своите роднини оди кај родителите на невестата вториот петок по свадбата. Ќе одиме на вториче кај мајка ти.

вторичен | прид.

Што е второстепен, секундарен. Вторично значење.

вторник | м.

Втор ден во неделата, ден по понеделник. Секој вторник оди на пазар.