вторничен | прид.
Што се однесува на вторник.
второженец | м.
Лице што е оженето по втор пат.
второкатегфрник | м.
Што е од втора категорија според некоја категоризација.
второкласен | прид.
Што е второстепен, со помала вредност од првиот.
второкласник | м.
Ученик од втори клас во средно училиште.
второроден | прид.
Што е роден по првиот. Второроден син.
второстепен | прид.
Што е втор по ред. Второстепена работа. Второстепена комисија.
вторпат | прил.
Повторно, уште еднаш. Тогаш вторпат ја видов неа.
втренчен | прид.
Што е со вкочанет, здрвен поглед. Втренчен долго стоев штом го видов. Не попушти пред неговиот предизвикувачки втренчен поглед.
втренчи | св.
Загледа некого, нешто со вкочанет поглед. Ги втренчи очите во едно дрво.