всоне | прил.
Во сон, при спиење. Често гледам всоне бледна глава.
встрана | прил.
Настрана, отстрана. Ја сврте главата встрана. Ако се оди многу встрана, тогаш се доаѓа до беспаќе.
всушност | мод.
Во суштина, навистина. Сите тие подробности, всушност, не нè интересираат. Всушност, тоа не беше идеја, туку нејасна желба.
втаи се | св.
Се притаи, се скрие. Вчас секој се втаи во своето дувло.
втас | м.
Може да стигне, има можности да направи нешто. Немам втас да докажам. Има втас куќа штом куќи.
втаса | св.
Стигне некого при одење, движење. Момче–то не можеше да го втаса. Седни де, ќе втасаш.
втврдне | св.
втемеленост | ж.
Состојба на тоа што е втемелено.
втемели | св.
Постави темели на нешто; основа нешто. На најубавото место сме ги втемелиле куќите.
втемелувач | м.
Лице што поставува темели на нешто, основач. Тој е еден од втемелувачите на факултетот.