вула | ж.

Колено, кривина на цевка. Натопуваа крпи во ладната вода низ која врвеше вулата и го ладеа капакот од казанот.

вулгарен | прид.

Што е груб, непристоен, простачки, невоспитан. Оние што се вулгарни кон светците, не се добри.

вулгаризам | м.

Прост, непристоен збор или израз; непристојност.

вулгаризатор | м.

Лице што вулгаризира, што претерано ги упростува работите.

вулгаризација | ж.

Постапка на вулгаризирање на работите.

вулгаризира | св. и несв.

Упрости, упростува; прави, направи да биде просто, полесно сфатливо за секого.

вулкан | м.

Рид, планина со кратер на врвот низ кој од внатрешноста на земјата избива лава, пепел и гасови. Вулканот еруптира по многу години.

вулканизатор | м.

Апарат за поправка, лепење гуми.

вулканизација | ж.

Преработка на суров каучук во гума.

вулканизер | м.

Лице што се занимава со вулканизација.