вулканизира | св. и несв.

Врши вулканизација, крпи гумени производи.

вулогав | прид.

вуложи се | св.

Стане улог, добие телесен физички недостаток, мана. Сакат одел, се вуложил.

вусполница | ж.

Извезени фигури на долниот дел од кошулата во народната носија.

вутри | прил.

Со превиткување, здиплување, да стане тројно, трикратно, во три слоја. Го свитка вутри и го напика во торбата.

вучетири | прил.

Четворно, во четири слоја. Ги дипли вудве, па вучетири и ги внесува внатре.

вујко | м.

Мајчиниот брат или братучед. Овој човек ми е вујко, роден брат на мајка ми.

вујков | прид.

Што му припаѓа на вујко. И вујковата куќа е како нашата.

вујна | ж.

Сопруга на вујкото. Вујна му, мајка на двете вујкови деца, едноставно пекала да се вратат дома.