варичела | ж.
Вид сипаница, овча сипаница.
варијабила | ж.
Променлив дел од износ, од плата и сл.
варијабилен | прид.
Што е променлив, непостојан. Тој е зависен од многу варијабилни фактори кои се меѓусебно поврзани.
варијабла | ж.
Променлива големина, променлива вредност.
варијанта | ж.
Еден од облиците во кои се јавува иста содржина. Јазик на нашата писменост е црковнословенскиот, се разбира во различни варијанти и со многубројни локални специфичности.
варијантен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на варијанта. Варијантно решение.
варијација | ж.
варијанта.
варлив | прид.
Варна | ж.
Приморски град во Бугарија.
варница | ж.
Место каде што се вади варов камен.