варов | прид.
варовен | прид.
варовит | прид.
Што содржи вар. Варовити почви.
варовник | м.
Варов камен. Нагоре од мостот, на стрмниот брег од сив варовник, од едната и од другата страна, се гледаат тркалести длапки.
вароса | св.
Обои, обели со вар. Тој ја вароса куќата ова лето.
Варшава | ж.
Главен град на Полска.
варја | ж.
Железен или дрвен алат во облик на чекан со кој се чука, кова или набива; голем чекан. Тие немале варји во рацете, туку тупаници и скорни.
варџилница | ж.
Место, јама каде што се гасне вар.
варџија | м.
Тој што пече, прави, што произведува вар.
вас | зам.
Долга форма за директен предмет и општа форма (со предлог) од личната заменка вие; кога не е со предлог, освен во поретки случаи, се употребува заедно со кратката форма ве. Ќе ве видиме и вас што ќе направите.