васа | несв.
Одмаздува. Со нож ќе им васа.
Василица | ж.
Првиот ден од Нова година по стариот календар, 14 јануари. Потоа дојде Божик, па Василица, па Водици.
василичар | м.
Преправени, маскирани момчиња кои спроти Нова година, на 14 јануари по новиот календар, одат по домовите, играат разни игри и прават шеги во врска со празникот.
василичарски | прид.
Што се однесува на василичар и на Василица. Василичарска облека. Василичарски песни.
вастегарка | ж.
ват | м.
Во физиката ‒ единица за мерење електрична или механичка моќност.
вата | ж.
Чист и преработен памук што служи за преврзување рани, за поставување облека, за јоргани и сл.
вателин | м.
Ткаенина, обично памучна, прошиена што се користи за постава. Моето палто е исполнето со вателин.
ватен | прид.
Изработен, исполнет со вата. Меки ватени полнетици.
ватерполист | м.
Играч на ватерполо. Ватерполистите од нашата екипа постигнаа одлични резултати.