ватерполо | ср.
Спортска, тимска игра со топка во вода. Денес започнува светскиот шампио–нат во ватерполо.
Ватикан | м.
Држава-седиште на СветиотСтол во Рим.
ватира | св. и несв.
Постави, поставува со вата.
вафла | ж.
Вид слатки од тенки кори, исполнети со крем, чоколада и сл. Чоколадни вафли.
ваш | прид.
Заменска придавка со посвојно значење ‒ што ви припаѓа вам. Вашата куќа е понова од нашата.
Вашингтон | м.
Сојузна држава и главен град на САД.
вашинец | м.
Сонародник, човек од ист роден крај со лицето со кое зборува.
вашински | прил.
По ваше, на ваш начин, на ваш јазик. Штом не ме разбираш ќе ти кажам по вашински.
вај! | изв.
Изразување на болка или жалост.
ваја | несв.
Изработува, обликува уметнички пластични предмети, фигури од гипс, глина, дрво, мермер и сл.