вдлабнатост | ж.
Состојба на она што е вдлабено.
вдлабочен | прид.
Што е задлабочен, внесен во нешто. Вдлабочен во работа. Вдлабочен во мислите.
вдлабочи се | св.
Се задлабочи, се внесе во нешто. Од пазува извади некакво старо тефтерче и се вдлабочи над неговите пожолтени страници.
вдовее | несв.
вдовец | м.
Човек што по смртта на сопругата не се преженил. Кога остана вдовец, продолжи да живее со децата.
вдовица | ж.
Жена што по смртта на сопругот не се премажила. Ретко ја посетуваше таа вдовица што живееше на крајот од градот.
вдовичлак | м.
вдовство | ср.
Состојба на тој што е вдовец или на таа што е вдовица.
вдовува | несв.
Живее како вдовец или вдовица.
вдрвеност | ж.