вдроби | св.
ве | зам.
Кратка заменска форма за директен предмет од вие; вие. Токму вас ве видов вчера крај патот.
веавица | ж.
Силен ветер со снег, снежна бура. Вечерта фати силна веавица.
веалка | ж.
Направа за веење, за прочистување на житото.
веверица | ж.
вегетаријанец | м.
Тој што се храни само со растителна храна, што не јаде месо.
вегетаријански | прид.
Што се однесува на вегетаријанец и на вегетаријанство.
вегетаријанство | ср.
Исхрана исклучиво со растителна храна.
вегетативен | прид.
Што се однесува на животните процеси (растење, исхрана, дишење и др.) на животните и растенијата.
вегетација | ж.
(бот.) Растење, развивање на растенијата. Ѓубрењето на ливадите и пасиштата се применува наесен, кога ќе престане вегетацијата.