вдахновен | прид.

Што е исполнет со творечки дух и со инспирација. Поетот го грее вдахновената работа.

вдахновение | ср.

Состојба на творечки полет; инспирација. Филозофите и поетите во таа преселба открија извор на вдахновение, па почнаа да пишуваат студии, политички расправи, поезија.

вдахновител | м.

Тој што дава вдахновение.

вдене | св.

Вовлече, вовре низ нешто тесно. Таа мрзливо вденала конец во иглата.

вдесно | прил.

По десната страна, надесно; Побегна во една споредна уличка, за миг застана и продолжи вдесно кон својата куќа.

вдетини се | св.

Почне да се однесува, стане како дете.

вдише | св.

Земе, вовлече воздух во белите дробови преку нос или уста. Со широко отворени гради вдишав свеж воздух

вдлаби | св.

Со притисок или на друг начин направи длабнатина. Тенкот го вдлаби асфалтниот пат каде што помина.

вдлабнатина | ж.

Вдлабено место, дупка, во некоја површина (пат, ѕид и сл.) Стоеше пред малата вдлабнатина во ѕидот.