везе | несв.

Украсува со вез. Оваа наша девојка не сака ни да шие, ни да везе, ниту да плете.

везен | прид.

Украсен со вез. Везено шамиче. Везени чорапи.

везенка | ж.

Диња или пиперка со напречни рески, риги.

везилка | ж.

Жена што везе;

везир | м.

Висок државен достоинственик во феудална Турција, носител на граѓанска и воена власт, министер. По краток престој во Солун тој беше поставен за везир на Босна.

везирица | ж.

Жена на везирот

везиров | прид.

Што му припаѓа на везир. Везирова волја и наредба.

везирство | ср.

Власт, звање, служба на везир.

везник | м.

Тоа што е заврзано за носење, обично на рамо, на грб. Тој отиде во нивната корија да донесе везник шума за стоката.