вежбач | м.

Тој што вежба. Тој вежбач на трапез освои прво место.

вежбовен | прид.

Што се однесува на вежба. Вежбовни методи. Вежбовни активности.

вез | м.

Украсна извезена шара на ткаенина или на некој друг предмет. Народен вез. Едноставен вез од црвено и црно. Богат вез.

везаница | ж.

Исплетена низа од кромид, лук. Везаници кромид, лук.

везачка | ж.

Жена што везе. Везачката извезе свилен појас.

везбен | прид.

Што е со вез. Везбена декорација. Везбени ракотворби.

везден | прил.

Цел ден, по цел ден. Тој ја праша каде разодуваше везден денеска.