век | м.
Време од сто години како целина; столетие.
векна | ж.
Леб со долгнавеста форма. Обично самата месеше леб, правејќи големи, кафеави, вкусни векни.
вековен | прид.
Што трае со векови, долготраен; што живее со векови. Вековна борба. Вековно ропство. Вековен даб.
вековечен | прид.
Што нема ни почеток ни крај; вечен.
вековечност | ж.
Особина на она што е вечно; бескрајност, бесмртност.
вековит | прид.
Што трае со векови; што живее многу долго. Стар и вековит чинар.
векот | прил.
Многу. А богатство имаше: векот винова лоза долу во присоите.
вектор | м.
Големина што се карактеризира со својата бројна вредност и насока, која геометриски се претставува со отсечка, определена по должина и насока.
векува | несв.
Живее долго време. Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува.
вел | м.
Парче тенка, прозрачна ткаенина со која жените си го покриваат лицето; превез.