веќава | несв.

веќе | прил.

Укажува на моментот на извршување на дејството – дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето. Веќе сум готов. Веќе ја прочитав книгата. Зар веќе се вратил?

векна | ж.

Леб со долгнавеста форма. Обично самата месеше леб, правејќи големи, кафеави, вкусни векни.

вековен | прид.

Што трае со векови, долготраен; што живее со векови. Вековна борба. Вековно ропство. Вековен даб.

вековечен | прид.

Што нема ни почеток ни крај; вечен.

вековечност | ж.

Особина на она што е вечно; бескрајност, бесмртност.

вековит | прид.

Што трае со векови; што живее многу долго. Стар и вековит чинар.

векот | прил.

Многу. А богатство имаше: векот винова лоза долу во присоите.

вектор | м.

Големина што се карактеризира со својата бројна вредност и насока, која геометриски се претставува со отсечка, определена по должина и насока.