векува | несв.

Живее долго време. Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува.

вел | м.

Парче тенка, прозрачна ткаенина со која жените си го покриваат лицето; превез.

велар | м.

Заднонепчена согласка (к, г, х).

Велегезит | м.

Припадник на племе од македонските Словени.

велеград | м.

Голем град.

велемајстор | м.

Голем уметник; голем стручњак. Тој е велемајстор во скијање.

велемајсторски | прид.

Одличен, професионален. Велемајсторска игра на нашиот шахист.

веленце | ср.

Волнена прекривка, килимче. Старицата беше покриена со веленцето.

велепосед | м.

Голем имот, голема површина на земјоделски имот што се наоѓа во нечија сопственост.