велепоседник | м.

Сопственик на голем земјоделски имот, на велепосед.

велепредавник | м.

Тој што извршил предавство спрема народот, државата.

велепредавство | ср.

Предавство извршено спрема народот, државата. Тој го призна своето велепредавство.

Велес | м.

Град во Македонија.

велесила | ж.

Држава што се вбројува меѓу најсилните во светот, меѓу оние што решаваат за меѓународните односи. Договорот го потпишаа големите велесили.

велеслалом | м.

Вид скијачка дисциплина со препреки.

вели | несв.

Зборува, говори, усно соопштува. Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа.

вели | прид.

Само во состав со имињата на деновите на страсната недела. Велипонеделник, Веливторник, Велисреда Величетврток, Велипеток, Велјасабота, Велјанедела.

Велигден | м.

Христијански празник , ден на Христовото воскресение. На Велигден лупеше црвени јајца. Р Не е секој ден Велигден – не се случуваат секој ден убави, големи работи.

Велигденски Остров | м.

Чилеански остров во Тихиот Океан.