великосвештеник | м.
Свештеник со висок чин. Владетели и великосвештениците го држеле народот во покорност.
Велингтон | м.
Главен град на Нов Зеланд.
велици | прид.
Само во составот ‒ велици пости;
велича | несв.
Слави, фали. Сите го величаа херојот.
величав | прид.
Што е возвишен. Величави подвизи. Величаво дело.
величествен | прид.
Што предизвикува воодушевување, почитување; возвишен. Величествена глетка. Величествено откритие.
величество | ср.
Титула на владател, монарх при обраќање или при споменување. Ваше величество.
величие | ср.
величина | ж.
Тој или тоа што е од извонредна вредност и значење, што е со врвни достоинства, што предизвикува почитување, восхит. Тоа што не го видоа неговите современици беше токму неговата величина. Јас уживам во твојата величина и се гордеам што имам за другар толку голем човек.
велка | ж.