венеричен | прид.
Што се однесува на болести на половите органи. Венерични болести. Венерично заболување.
венеролог | м.
Лекар ‒ специјалист за венерични болести.
венерологија | ж.
Гранка од медицината што се занимава со проучување и лекување на венеричните болести.
венец | м.
Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и сл. или сличен предмет од метал, камен и др., како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост и др. Сплетоа венец од полско цвеќе. Златен венец. Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен.
Венеција | ж.
Град во Италија.
Венецуела | ж.
Држава во Јужна Америка.
венозен | прид.
Што се однесува на вена. Венозна жила.
венок | м.
Невестински венец (украс за на глава).
вентил | м.
Механичка направа со која се врши отворање и затворање на преминот на гасови или течности низ цевка. Ни по одвртувањето на вентилот не протекуваше капка вода.
вентилатор | м.
Направа за проветрување на затворени простории. Големите тавански вентилатори одвај го разладуваа влажниот воздух.