величина | ж.

Тој или тоа што е од извонредна вредност и значење, што е со врвни достоинства, што предизвикува почитување, восхит. Тоа што не го видоа неговите современици беше токму неговата величина. Јас уживам во твојата величина и се гордеам што имам за другар толку голем човек.

велможа | м.

Богат и влијателен вршител на една од највисоките државни функции во некои земји.

велосипед | м.

Превозно средство на две тркала што возачот го движи со нозете. Врвеа луѓе на велосипеди во правец на фабричкиот дел на градот. Детски велосипед. Женски велосипед.

велосипедист | м.

Возач на велосипед. Поминаа двајца велосипедисти кои продаваа весници.

Велс | м.

Земја во западниот дел на Велика Британија.

велур | м.

Убава ткаенина со густи влакна, слична на сомот, на кадифе. Носеше фустан од црвен велур.

вена | ж.

Цевчест крвен сад низ кој крвта од организмот се враќа во срцето. Повторно проструи крвта низ вените. Попуштени вени.

венда | несв.

Безделничи. До квечерината вендаше по улиците.

вене | несв.

За растение – губи свежина, боја, сјај, се суши. Наесен лисјето венеат и се сушат.