венчило | ср.

Венчавка, брак.

вепар | м.

Машка дива свиња.

вепровина | ж.

Месо од вепар.

вера | ж.

Религија, вероисповед. Христијанска вера.

веранда | ж.

Голем, покриен, обично застаклен балкон или трем. Тие седнаа околу една маса на големата веранда.

вербаиист | м.

Човек што зборува многу, но не со некоја подлабока содржина во зборувањето.

вербален | прид.

Што се состои од зборови, устен. Вербален дуел. Вербална комуникација.

вербализам | м.

Употребување на многу зборови без потреба и без подлабока содржина; празно и безвредно зборување, расфрлување со зборови. Треба да се избегнува појавата на вербализам и сувопарно повторување во наставата.

вербализација | ж.

(прав.) Составување на протокол, писмено сослушување.