верзилен | прид.
Што се однесува на верзал. Верзална буква.
верзира | св. и несв.
Упатува, информира.
верзиран | прид.
Што е стручно упатен во нешто, информиран; вешт во нешто, извежбан, искусен. Тој беше добро верзиран во својата работа и можеше лесно да ги открие пропустите.
верзија | ж.
Едно од повеќе меѓусебно различни толкувања на ист факт или настан; варијанта. Споредувањето покажува дека се работи за две верзии.
верига | ж.
Низа од поврзани, преплетени метални алки; синџир. Окован во вериги.
верижен | прид.
Што е во вид на верига, што се протега како верига. Верижен систем на производство.
верижник | м.
Верига во оџакот над огништето на која виси котелот. Над него беше закачен верижник спуштен до жарта, а тука висеше бакарниот котел.
верификативен | прид.
Верификативна фаза.
верификатор | м.
Тој или тоа што врши верификација, што утврдува, што потврдува нешто. Практиката е крајниот верификатор на нашите концепции и ставови.
верификационен | прид.
Што се однесува на верификација, што врши верификација. Верификациона комисија.