верверица | ж.

Мало шумско животно со долга опашка, цицач, живее на дрво и се храни со неговите плодови; Sciunus vulgaris. Ја виде таму на гранката од дивиот костен верверицата.

верверичин | прид.

Што припаѓа на верверица, што е од верверица. Верверичина опашка.

вергија | ж.

Данок. Каде се парите за вергијата и арачот во зрно што ми го должиш?

вергл | м.

Механички музички инструмент на кој со вртење на рачката се свират секогаш исти мелодии.

вергла | несв.

Свири на вергл.

верглаш | м.

Свирач на вергл.

верен | прид.

Што е предан, приврзан, постојан во пријателството, во поддршката, во послушноста и сл. Верен другар. Верен слуга.

вересија | ж.

Кредит, купување или давање на доверба, на почек. Во селскиот дуќан од вчера даваат стока на вересија.

верзил | м.

Голема буква; начин на печатење, при што се употребуваат само големи букви.