верификација | ж.
Реалноста што ја нуди романот е подложна на верификација во стварноста.
верификува | св. и несв.
верифицира | св. и несв.
Испита, испитува, потврди, потврдува исправност. Посебна комисија ќе ги верифицира поднесените документи.
веришка | ж.
вермут | м.
Вид алкохолен пијалак, вино или ракија со пелин; пелинач.
верник | м.
Тој што проповеда некоја вера; тој што припаѓа на некоја верска организација. Верниците да го молеа господа да ги спаси од злото.
верност | ж.
Особина на тој што е верен.
вернољубец | м.
Тој што љуби верно; верно момче, верен маж.
веровит | прид.
Што е достоен за верба, за доверба. Тој е веровит човек.
веродостоен | прид.
На што може да се верува, што е достојно за верување, вистинит. Тој е веродостоен човек. Приказните се создадени врз веродостојни случки и настани.