вероисповед | ж.
вера.
вероисповедание | ср.
вероисповеден | прид.
Што се однесува на вероисповед. Вероисповедни начела.
вероломен | прид.
Што не го држи дадениот збор, што не држи вера. Ете, колку си е човекот и сам себеси вероломен.
вероломец | м.
вероломник | м.
Тој што ја прекршува верата; тој што не држи заклетва; што не држи даден збор.
вероломност | ж.
(само едн.) Особина на тој што е вероломен.
вероломство | ср.
Кршење на заклетва, непочитување на дадениот збор, ветувањето.
веронаука | ж.
Наука за верата, верско образование како наставен предмет. Ти секогаш имаш петка по латински и по веронаука.
вероотстапник | м.
Отпадник од верата; лице што се одрекло од верата. Веровит е патот што го изоди дотука и за вероотстапник него не го бива.