вероучител | м.

Проповедник на некоја вера, религија.

веројатен | прид.

За кој се смета дека има можност да се оствари. Веројатен успех.

веројатно | мод.

На веројатен начин, сигурно. Веројатно ќе успеам да дојдам вечерва.

верољубив | прид.

Што ја сака верата, што е побожен.

верс | м.

Стих; целина од ритмички стапки составена од слогови.

версификатор | м.

Поет, стихотворец.

версификација | ж.

Пишување, создавање стихови. Тој е голем мајстор на версификација.

вертикала | ж.

Исправена, права линија што формира прав агол со хоризонтална површина;

вертикален | прид.

Што е исправен. Вертикална линија.

верува | несв.

Смета, мисли, убеден е дека нешто е така како што се прикажува, како што се претставува, дека е вистинито, реално. Дали ти веруваш во тоа што го зборуваш? Таа веруваше дека е среќна.