вазелин | м.
Маст што се користи во медицината, козметиката и во техниката.
вазна | ж.
вазне се | св.
Зјапне. Што си се вазнал!?
вака | прил.
На овој начин. Би се согласиле и вака. Сепак сето тоа мораше да заврши вака.
вакантен | прид.
Што е празен, испразнет, слободен. Вакантно место.
ваканција | ж.
Распуст. Доаѓаа неколку пати во Тетово за време на школските ваканции.
вакат | м.
Време. И наши тргнаа дури таму, во Стамбол, против векот и вакатот наш.
вакаф | м.
Имот добиен со завештание во верски и хуманитарни цели на џамија или црква; таков вид на верско задолжување.
ваков | прид.
Што е како овој. На свое место ќе ги истакнеме и другите вакви несоодветства.
вакол | прид.
За овци или други животни – што се бели со црно околу очите. Вакло јагне.