важен | прид.
Што е значаен, влијателен, ценет. Мојот татко оставаше впечаток на деловен, важен жовек.
важечки | прид.
Што важи, што има важност, вредност, што е во сила. Тоа отстапува од важечките општествени конвенции. Важечки правила.
важи | несв.
Е во сила, во оптек. Тука важат други правила.
важничи | несв.
Се прави важен. Се коцоревме, се важничевме, парадно марширавме.
важност | ж.
Значење, сила, моќ, влијание. Тој не му придаваше никаква важност.
ваза 1 | ж.
Декоративно изработен сад што служи за ставање цвеќе или како украс. Во собата, на масичката, секогаш имаше ваза со свежо цвеќе
ваза 2 | ж.
Горски брест; Ulmus montana. Под ведро небо вазата има стас и глас на девојче.
вазал | м.
Во феудалниот период, благородник кој од друг повисок благородник добива земја во владеење. Кога потпораснал, вујко му му одделил една мала област од своето кралство и го направил свој вазал.
вазален | прид.
Што има својство на вазал, што се однесува на вазал. Вазални земји. Вазални односи.
вазалство | ср.
Однос меѓу феудалецот и вазалот.