вакуум | м.
(физ.) Празен, безвоздушен простор. Сите системи на машински уреди не работат врз принципот на вакуум.
вакцина | ж.
Препарат од ослабени микроби, вируси или нивни излачувања што се дава заради заштита на организмот од заразни болести. Тој доби вакцина против грип.
вакцинален | прид.
Што се однесува на вакцина и вакцинирање. Вакцинален пункт.
вакцинација | ж.
Внесување на вакцина во организмот, вакцинирање. Сите добиени вакцини се внесуваат во картонот за вакцинација.
вакцинира | св. и несв.
Внесе, внесува вакцина во организмот, даде, дава вакцина некому. Тој мора да се вакцинира пред да замине во таа земја.
вала | несв.
Со тркалање преместува, обично тоа што е тркалесто; тркала.
валавец | м.
Растение во вид на зелје со боцкав лист; Eryngium campestre.
валавица | ж.
Направа или објект за валање платно и други ткаенини. Јамболијата уште не беше помината под валавица.
валавичар | м.
Сопственик или работник со валавица.
валавиште | ср.
Место каде што се вала стока или зајаци.