ветошар | м.
Старинар, антиквар.
ветошина | ж.
Стари работи, старудии. По патот го сретнав купувачот на ветошини.
ветрее | несв.
За течност ‒ испарува и ги губи своите карактеристични својства. Виното во лошо затворените шишиња полека ветреело.
ветреник | м.
Ветрогон.
ветреница | ж.
ветрило | ср.
Ладало. Таа брзо седна и си го скри лицето со ветрилото.
ветрина | ж.
Ладовина, сенка. Времето беше топло и тој се сокри во ветрината на големата крошна од дрвото.
ветри (се) | несв.
ветричав | прид.
ветриште | ср.
Силен ветар. Ветриштата натрупуваат таму високи преспи и снегот се задржува понекогаш и во мај.