ветроштина | ж.
Зол дух, авет. Не верувам во ветроштиње, ни во добри или лоши самовили.
ветрум | прил.
ветрушка | ж.
(зоол.) Вид мал сокол кој умее да лебди во воздухот; Falco tinnunculus. На црницата долетаа две ветрушки.
ветувачка | ж.
ветувачки | прид.
Што ветува. Ветувачки погледи.
вечен | прид.
Што не престанува да трае, што нема поче–ток ни крај, бесконечен, бескраен. Вечна љубов. Вечна благодарност.
вечер | прил.
Што е во тек, што минала или што иде во текот на денот. Вечер ќе одиме в театар.
вечер | ж.
Времето од зајдисонце до полна темница, првите часови на ноќта. Во долгите зимски вечери седеа крај огништето и раскажуваа приказни.
вечера | св. и несв.
Јаде вечера, последен оброк во денот. Ние во летно време вечераме на чардак. Тој вечера набрзина.
вечера | ж.
Оброк што се зема навечер. Вечерата беше сервирана на терасата.