ветерница | ж.
Мелница на ветар. Во далечината се гледаа голем број ветерници.
ветерничав | прид.
Што е како ветар, непостојан, променлив, лекомислен, несериозен. Ветерничав човек. Ветерничави чекори.
ветерушка | ж.
вети | св.
Даде збор, се задолжи дека ќе исполни нешто. Тој им вети на децата дека ќе им купи учебници.
ветици | и.
Невестински украс од бисери што се става околу ушите.
ветка | ж.
Гранка. Ветките и цепениците што ќе преостанат, ќе изгнијат.
веткарка | ж.
Жена што во пролет собира ветки за изработка на метли.
веткач | м.
Вид грав што ползи, грав ползавец.
вето | ср.
Право на поединец или држава да се спречи донесување на некој заклучок или одлука; забрана. Само неколку држави имаат право на вето. Стави вето.
ветов | прид.
Што е стар, износен, избледен. Под куќата седеше старец во нечиста и ветва кошула.