вечерта | прил.
Во таа вечер. Го почести со една ракија и го задржа вечерта на конак дома.
вечерум | прил.
Навечер. Вечерум момите одеа на вода.
вечит | прид.
вечна | ж.
Пекол. Под земјата била вечната, живеалиштето на сотоната.
вечност | ж.
Својство на тоа што е вечно.
вешт | прид.
Што има практика, способност, умеење за лесно и брзо извршување на некоја работа. Вешт мајстор. Вешти раце.
вештак | м.
Специјалист поканет пред суд да даде мислење по одделно прашање од својата струка. Мислењето на вештакот ги потврди сомневањата на судот.
вештачи | несв.
Дава стручно мислење за одредено прашање пред судски орган. Во тој спор вештачеше архитектот Арсовски.
вештачки | прид.
Што не е природен, што се создава, што не се добива по природен пат; Вештачко цвеќе. Вештачки заби. Вештачко ѓубре. Вештачко езеро.
вештер | ж.
Мистично зло суштество, маѓесник, маѓесница. Лоша вештерка.