вештина | ж.

Способност за вршење определена работа со леснотија, брзо и добро; опит, стручност, мајсторство. Вештина на изработка на предмети од дрво.

веѓа | ж.

Со влакна обраснат лак над очната длабнатина. Сите погледи се свртеа кон момчето со бујни веѓи.

веѓест | прид.

Што има големи, густи веѓи.

веѓило | ср.

Гламна или смеса со маст со која се потцртуваат, истакнуваат веѓите.

веѓица | ж.

Раб на платно. Пак седев на работ од креветот, врз веѓицата од старо веленце.

веѓосува | несв.

Бојосува веѓи.

вејач | м.

Лице што вее жито.

вејка | ж.

Гранка од дрво. Насобраа и суви вејки и веќе гореа два огна.

вејне | св.

Дувне, поддувне. Навечер ќе вејне топло ветре.