вжили се | св.
Пушти жили, се прими, се фати (за растение). Новото дрвце изгледа добро се вжилило.
вземи | прил.
Во земјата, под површината. Ги запретува гламните вземи да се изгаснат.
взори | прил.
Изутрина, во зората. Другиот ден взори отиде кај него.
ви | зам.
Кратка форма за индиректен предмет од личната заменка вие; се употребува сама или заедно со долгата форма ‒ вам ви; вам. Дали ви кажаа? Ви испратиле порака. Вам не ви е доволно тоа. Вам што ви треба?
вибратор | м.
Направа, апарат, машина што дава ритмични треперења, што вибрира.
вибрационен | прид.
Што вибрира, што трепери; Вибрациона бормашина.
вибрација | ж.
Осцилаторно движење со голема честота; треперење. Вибрации на нервните влакна. Комбајнот за берење на винско грозје работи на принцип на вибрации. Мелодиски вибрации.
вибрира | несв.
Трепери, се наоѓа во состојба на треперење. Од допирот на гудалото жиците на инструментите вибрираат. Под тежината на тешките товарни возила мостот доста забележливо вибрира.
вива | несв.
Пламти, гори силно со пламен;
вивка | ж.
Колак што се подметнува на главата за носење товар. Наместете си ги вивките убаво на главите да не ви се нишаат котлињата.